ФМ Емил Ристески и ФМ Роберт Велески, обајцата со по 7 поени, се најдоа веднаш зад победникот.

Женското првенство се организираше по истиот принцип, а на него се пријавија 12 учеснички. Победничката ЖФМ Моника Стојковска освои 6 од 7 можни поени.

„Сакам да ја поздравам иницијативата за одржување на женското првенство на Македонија кое недостасуваше изминативе години. Шахистките покажаа волја за игра и сметам дека бројот на пријавени учеснички е исто така за поздрав. Нешто што сметам дека треба да се корегира во иднина е дискриминирачкиот награден фонд на женскиот турнир, кој беше двојно помал од наградниот фонд на машкиот турнир. Во однос на конкуренцијата, беа пријавени најсилните шахистки и перспективните младинки. Задоволна сум од мојата игра, иако сметам дека можев и подобро. Ме радува крајниот резултат и мојата прва официјална шампионска титула. Се надевам дека овој турнир ќе продолжи да се одржува и во следните години, со поголема масовност и со порамноправен награден фонд во однос на мажите“, рече Стојковска.

За неа на второто место се најде ЖИМ Габриела Коскоска со 5 поени, додека Ивана Манова е трета со 4,5 поени.

sportmedia.mk