Почестете се со вкусен и лесен оброк кој се подготвува за еден час работа.
Состојки:
- половина кесичка тестенини (или некои други тестенини по ваш избор)
- 2 пиперки
- 2 домати
- 1 краставица
- млад кромид
- половина лименка слатка пченка
- 1 лажичка сок од лимон
- 1 лажичка маслиново масло
- сол, бибер
- чаша јогурт
Подготовка:
Сварете ги макароните според упатството. Почекајте да се излади, ставете во сад и додадете го зеленчукот што сте го исецкале на помали парчиња. Зачинете.
Во помал сад измешајте ги јогуртот, лимонот и прстофат сол. Прелијте со салата. И уживајте!