16. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Уште шестмина руски дипломати ќе бидат протерани од Македонија

Министерството за надворешни работи информира дека денеска бил повикан Амбасадорот на Руската Федерација во земјава, Сергеј Баздникин, кому му била врачена дипломатска нота, со која шестмина дипломати во Амбасадата на Руската Федерација во Скопје се посочени како непожелни во државата или персона нон грата.

„Врз основа на информациите добиени од надлежните органи, посочените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат територијата на Република Северна Македонија во наредните пет дена“, се наведува во соопштението на ресорното министерство.

МНР пред две недели прогласи петмина дипломати на руската амбасада во Скопје за непожелни. Од почетокот на војната во Украина, Русија ја прогласи Северна Македонија за непријателска држава, откако земјава се приклучи кон санкциите на ЕУ.

Минатата година двајца руски дипломати беа прогласени за персона нон грата, едниот во мај, а вториот во август и беа протерани од Северна Македонија.

И во двата случаја Русија реагираше со реципрочни мерки, односно со протерување на македонски дипломати од Москва.

Можеби ќе ве интересира

ДПИ со контроли за попустите на училишниот прибор, казните за непочитување се од 800 до 10.000 евра

C +

Утре, променливо облачно време, попладне краткотраен дожд и грмежи

C +

ЗНМ алармира: Недостигот на правила за платена политичка реклама во онлајн медиумите создава корупциски ризици

ДЕСК