23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ во режимската матрица на Груевски – молчи за црната листа на САД

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ останува заробена во режимската матрица со која 11 години ја имаа заробено државата. Молк во партијата по одлуката на Стејт департментот да ги стави експремиерот Никола Груевски и поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков на црната листа.

Со ваквата одлука се потврди уште еднаш дека Груевски и Мијалков ја заробија државата за свои лични, но и за партиски цели. Како што се наведува во одлуката, Груевски ја злоупотребувал својата функција, присвојувал државни средства и се мешал во изборни процеси за политичка корист за себе и неговата партија.

Таквиот режимски начин на функционирање се уште опстојува во ВМРО-ДПМНЕ, на што укажува и фактот дека опозициската партија не се оградува од Груевски и нема храброст да ја коментира одлуката на нашиот најголем стратешки партнер САД, обвинија од СДСМ.

За корумпираноста и криминалите на Груевски, Мијалков и ВМРО-ДПМНЕ во земјава се водат неколку судски случаи, во кои освен нив и други останати високи функционери на партијата се осудени, а дел и признаа вина дека местеле избори.