24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЛОКАЛНО

Градоначалникот на Ѓорче Петров се фати за четка, направи фотосесија а игралиштето го остави недофарбано

Пред неколку денови градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски на социјалните мрежи објави дека се приклучил на акција за чистење и разубавување на игралиштето во населеното место Волково.

На фотографиите објавени на неговиот Фејсбук профил можеше да се види како тој заедно со уште неколку лица ја фарбаат подлогата на игралиштето.

Но и по десетина денови од објавата, фотографии покажуваат дека игралиштето е недофарбано, односно офарбан е само мал дел од него и тоа оној со кој Стојкоски се фотографираше.

Дали на градоначалникот му снемало боја или пак наводното бојадисување служело само за некој „лајк“ на социјалните мрежи треба да одговори самиот Стојковски, но коментарите на граѓаните на социјалните мрежи го покажуваат големото незадоволство на граѓаните од ваквиот несериозен и неодговорен однос на Стојкоски.