24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Георгиевска: Инвестираме во обновливи извори на енергија – почна тест-периодот на новата фотонапонска електрана во Осломеј

Започна тест-периодот на фотонапонската електрана во РЕК Осломеј со моќност од 10 мегавати, во сопственост на АД ЕСМ. На површина од 15 хектари, на местото на некогашниот голем загадувач, денес е поставена фотонапонска електрана која со електрична енергија ќе снабдува 2.800 домаќинства, изјави на денешната прес-конференција на СДСМ, Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ.

Таа додаде дека официјалното пуштање во употреба на оваа фотонапонска електрана, веднаш по завршувањето на тест периодот, значи почеток на енергетска транзиција на РЕК „Осломеј“ како и на Кичевскиот Регион.

Во време кога енергијата од фосилните горива е поскапа и понедостижна, важни се инвестициите во зелена, еколошка енергија. Затоа, приоритет на Владата предводена од СДСМ се инвестициите во обновливите извори на енергија.

Гергиевска истакна дека потпишани се договори за реализација на стратешки инвестиции во енергетиката, како што е најголемата гринфилд инвестиција на германската компанија ВПД која ќе изгради 69 ветерници, но и соларниот парк Стипион во Штип.

Само овие две инвестиции ќе обезбедат електрична енергија од над 800 мегават часови од обновливи извори, што ќе обезбеди сериозно зајакнување на енергетскиот капацитет на државата.

Продолжуваме да инвестираме во она што е важно за граѓаните, за државата и за домашната економија, изјави Георгиевска.