Основниот суд во Струмица денеска ги осуди на условни казни затвор поранешната директорка на ЈП „Македонска радиодифузија“ Јулијана Спировска на две години условно и технички директор, Драгослав Радески на година и половина условна казна затвор за хеликоптерската несреќа што се случи во јули 2014 година во која загинаа четворица пилоти на МВР.
Струмичкиот суд го казни и јавното претпријатие „национална радиодифузија“ со парична казна од 1 милион денари. Според пресудата тие се товарат за тешки дела против општата сигурност. Осудените ќе треба и да ги платат судските трошоци и трошоците на оштетените.
Во хеликоптерот тогаш биле Драган Мицев, Марјан трајкoвиќ, тоде орешков и иљо лопатички, сите пилоти во мвр кои летале на релација скопје-велес-неготино-валандово-Струмица-берово-делчево и назад… Во моментот на урнувањето, хеликоптерот удрил во антенски столб на тогашната „македонска радиодифузија“, а четворицата пилоти починале на лице место.