24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Русија засега нема да ја прекине испораката на гас за Европа

Русија од денеска нема да ја откаже испораката на гас за Европа бидејќи плаќањата за испорачаниот гас по 1 април ќе пристигнуваат во втората половина на месецот и во мај, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој на прес-конференцијата рече дека е неповратен декретот на претседателот Владимир Путин да се плаќа во рубли и дека во моментот, според Русија, тоа е најдобрата и најбезбедна валута за плаќање.

Руската енергетска компанија „Газпром“ изјави дека почнала да ги информира клиентите за новите руски правила, според кои тие ќе треба да плаќаат за гас во рубли.

„Газпром“ додава дека ќе остане одговорен партнер и ќе обезбедува снабдување со гас.