16. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Приведен џепчија во Скопје, украл паричник од чанта на жена додека се качувала во автобус

Скопјанец искористил метеж при влегување во автобус и од чантата на една жена украл паричник со пари и документи. Инцидентот се случил на автобуска постојка на булеварот Кузман Јосифовски-Питу.

Тој бил фатен на улицата Стале Попов во Скопје. Според информациите, се работи за С. С. (54) од Скопје.

Тој бил приведен во Полициската станица Центар и во службен разговор го признал делото. Кај него биле пронајдени одземените предмети, кои ѝ биле вратени на сопственичката. За случајот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 235 од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе бидеш моја или ќе бидеш мртва“ – Росица сведочела за заканата од Илија кој подоцна ја уби

C +

СДСМ: Шамар за скопјани-ВМРО-ДПМНЕ го наградува виновникот за Дрисла со носител на листа во Скопје

C +

Мицкоски: Идентификувани 20-тина лица поврзани со пожарите

C +