Вработен во АРСМ-Касарна „Страшо Пинџур“ – Петровец вчера пријавил во полиција дека околу 12:00 часот во товарно возило „даф“, кое влегло во државата и касарната од Република Грција, во сандак со алат биле пронајдени 4 лица мигранти од Гана.
Мигрантите биле спроведени во Транзитен центар Табановце за понатамошна постапка. Увид извршиле екипи на Полициското одделение Петровец и Регионалниот центар за гранични работи Север и се преземаат мерки за расчистување на счлучајот.