Вчера на улицата Втора македонска бригада во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Е.(60) од Велес, со живеалиште во Скопје.
За него била распишана централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје со која се барал за издржување казна затвор од 14 години за сторени кривични дела по член 394, член 316, член 247, член 259, член 261 и член 396 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведнео во казнено-поправна установа за издржување на казната.