Би сакал да најавам дека, во рамки на прославата на 7 Мај, Денот на македонската полиција, Општина Струмица ќе биде домаќин во текот на еден ден на дел од планираните свечени активности во пресрет на Денот на полицијата, како признание од МВР до Општина Струмица и до граѓаните на Струмица, за нашата взаемна посветеност, за взаемната борба за подобрување на безбедноста на територијата на Општина Струмица.