24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Германија е зависна од рускиот гас уште најмалку две години

Германија би можела да го преполови увозот на нафта од Русија оваа година, но ќе биде зависна од рускиот гас уште најмалку две години, соопшти во петокот германското Министерство за економија.

„Преку заеднички напори, би можеле да постигнеме независност од рускиот гас до летото 2024 година“, се вели во документот објавен од Министерството за економија во петокот. Сепак, тоа може да се постигне само со заштеда на гас и зголемување на употребата на водород како извор на енергија.

Дури и тогаш, околу 10 отсто од гасот што ѝ треба на Германија ќе доаѓа од Русија“, се вели во документот.

Германскиот министер Роберт Хабек објасни дека поради оваа причина Германија не може да се согласи на ембарго за увоз на гас и нафта од Русија.

Тој рече дека процесот на создавање независност од рускиот гас бара и помош од САД како еден од водечките извозници на течен гас (ЛНГ). Европската Унија оваа недела се договори со САД да го зголеми извозот на течен гас.

„Ги поминавме првите фази на патот кон ослободување од зависноста од руската енергија“, рече Хабек.

По почетокот на рускиот напад врз Русија, Германија најави изградба на два терминали за ЛНГ во Северното Море. За време на неговиот неодамнешен престој во Катар, министерот Хабек потпиша договор за долгорочен увоз на течен гас од таа земја.

Здружението на германски енергетски претприемачи (BDEW) објави дека уделот на рускиот гас во вкупната потрошувачка е намален од над 50 на 40 отсто во последните денови.

Тоа, сепак, се објаснува со намалената потрошувачка поради високите цени и префрлањето на некои големи потрошувачи кон алтернативни извори.