18. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАМАКЕДОНИЈА

Ангелов: Сум почувствувал како се војува во урбана средина и тука руските сили заглавија

Путин сам не ги носи одлуките. Тоа е воената тактика и беа убедени дека ќе направат блиц-криг, изјави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов во емисијата „Само вистина“.

Вели дека не може да се оправда рускиот напад, иако претседателот на Украина, Володимир Зеленски направи одредени провокации. Вели дека и негацијата на руското население, не е доволна причина за војна.

„Самиот Зеленски е Евреин. Ние сме далеку од таму, до вчера не знаевме каде се наоѓа Украина. До пред неколку недели не ни зборевме за тоа. Сега одеднаш сите станавме експерти, тактичари и знаеме се за војните. Сум почувствувал како се војува во урбана средина. Тука руските сили заглавија. Ја изгубија предноста од отворено. Ова ќе потрае уште неколку месеци, ќе изгинат луѓе од двете страни на два братски народи“, вели Ангелов.

На 24 февруари, Русија ја почна инвазијата на Украина.

Можеби ќе ве интересира

Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево

C +

Каранфилова Пановска: Владата на ВМРО-ДПМНЕ е директно одговорна за еколошкиот хаос во Вардариште и Дрисла

C +

Каранфилова Пановска: Тошковски мора да сноси одговорност за серијата трагични случаи во изминатите 15 месеци

C +