7. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Германскиот Институт ХАЈДЕЛБЕРГ во Скопје доделува 67 стипендии, во износ до 1200 евра, во доменот на информатичките технологии

ГЕРМАНСКАТА ВИСОКООБРАЗОВНА УСТАНОВА

ПНУ Институт за бизнис и менаџмент ХАЈДЕЛБЕРГ Скопје,

објавува

К О Н К У Р С

За запишување на слушатели на професионални специјализации во областа на информатичките технологии, во втор уписен рок во учебната 2022 година

Врз основа на Член 141 и 142 од Законот за високото образование, Статутот и Правилникот за условите и критериумите за запишување на стручни специјализации за доквалификација и преквалификација на Приватнa научнa установа „Институт за бизнис и менаџмент ХАЈДЕЛБЕРГ“ Скопје, Деканската Управа на седницата одржана на 21.03.2022 година донесе одлука за исплата на дополнителни стипендии, покрај ваучерите до 500 евра, во износ до 700 евра (во денарска противвредност).

Оттука, со оглед на актуелните состојби во глобални рамки и во земјата, кризата со коронавирусот и економските промени, ќе се исплатат на сметките во филијалата во Скопје, а во име на идните слушатели, следните износи на стипендии, и тоа:

– 15 стипендии за програмата „Full-Stack Web Development“ ќе се исплатат на 15 кандидати, млади лица до 35 години, за секој поединечно во износ од 43.000 денари, а согласно правилникот на избор;
– 10 стипендии за програмата „Graphic Design“ ќе се исплатат на 10 кандидати, млади лица до 35 години, за секој поединечно во износ од 43.000 денари, а согласно правилникот на избор;
– 15 стипендии за програмата „Digital Marketing“ ќе се исплатат на 15 кандидати, млади лица до 35 години, за секој поединечно во износ од 30.850 денари, а согласно правилникот на избор;
– 15 стипендии за програмата „Business Intelligence & Big Data“ ќе се исплатат на 15 кандидати, млади лица до 35 години, за секој поединечно во износ од 9.255 денари, а согласно правилникот на избор;
– 12 стипендии за програмата „Project Management“ ќе се исплатат на 12 кандидати, млади лица до 35 години, за секој поединечно во износ од 9.255 денари, а согласно правилникот на избор.

Документи за пријавување и запишување:

Пријава за запишување (електронски на https://forms.gle/Wfrh3MfptKFfTHQc9 )
Услови и критериуми на запишување:

Право на запишување на специјализациите имаат кандидати со најмалку завршено четиригодишно средно образование.

Секој апликант ќе помине низ кратко онлајн интервју преку апликацијата ZOOM app. во организација на ПНУ „Институт за бизнис и менаџмент ХАЈДЕЛБЕРГ“ Скопје. Тоа ќе се одвива после пополнувањето на Пријавата за запишување, која можете да ја пополните на: https://forms.gle/Wfrh3MfptKFfTHQc9

На крајот на специјализацијата слушателите се стекнуваат со:

ECVET- European Credit points for Vocational Education and Training (Европски кредит поени за стручно образование и наука или КПУ – континуирано професионално усовршување бодови) согласно Европската рамка за квалификации на годишно ниво;
Специјалистички сертификат за завршено неформално стручно образование согласно European Quality Assurance for Vocational Education and Training (EQAVET) – Обезбедување Европски квалитет за стручно образование и наука;
Трансферни ЕКТС (кредити) за студиските програми на германска научна установа – ПНУ ХАЈДЕЛБЕРГ Институт за Бизнис и Менаџмент Скопје, Државниот дуален универзитет од Манхајм и други партнери.
Германска диплома за завршени стручни специјалистички обуки издадена од ПНУ ХАЈДЕЛБЕРГ Институт за Бизнис и Менаџмент Скопје;
Тутор / ментор за поддршка во професијата во периодот после завршување на програмата;
Можности за вработување во компаниите соработници;
Вмрежување со алумни (дипломци кои успешно ги завршиле програмите);
Поддршка и објава на научно-истражувачки трудови.
Рокови за пријавување и запишување:

Кандидатите треба да ги достават сите генералии за пријавување и запишување во просториите на ПНУ „Институт за бизнис и менаџмент ХАЈДЕЛБЕРГ“ Скопје, најпрво со пополнување на следнава електронска форма: https://forms.gle/Wfrh3MfptKFfTHQc9, по што ќе бидат директно контактирани од некој од тимот на ХАЈДЕЛБЕРГ.

Наставата ќе се изведува целосно онлајн и/или хибридно, во просториите на Институт за Бизнис и Менаџмент Хајделберг, Скопје – Ул. „Орце Николов“ бр.75, 1000 Скопје

Заинтересираните кандидати можат да добијат информации за упис на следните броеви:

+389 70 355 656; +389 70 355 590; 02 3 125 500;

ПНУ Институт за Бизнис и Менаџмент Хајделберг Скопје
Претседател на УО
проф. д-р Улрих Зеител,

Претставник на управата во Скопје
проф. д-р Синиша Наумоски