23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИС

ITALIAN DESIGN DAY 2022: “Дизајнот и новите технологии за одржлива иднина“

Утре со почеток во 10.30 часот, во хотелот Александар Палас, Амбасадата на Р.Италија и ITA – Italian Trade Agency, организираат конференција на тема “Дизајнот и новите технологии за одржлива иднина.“ во рамки на 6-тото издание на ITALIAN DESIGN DAY.

Утре со почеток во 10.30 часот, во хотелот Александар Палас, Амбасадата на Р.Италија и ITA – Italian Trade Agency, организираат конференција на тема “Дизајнот и новите технологии за одржлива иднина.“ во рамки на 6-тото издание на ITALIAN DESIGN DAY. Настанот ќе го отворат Амбасадорот на Р.Италија, Андреа Силвестри и Градоначалничката на Скопје, Данела Арсова. Овогодинешното издание на ITALIAN DESIGN DAY, има за цел да ги престави новите технологии за подобрување на квалитетот на животот во урбаните средини, “зелени“, “смарт“ и иновативни решенија за урбан транспорт, управување со сообраќајот,максимизирање на енергетската ефикасност, заштита на животната средина, и сл. За таа цел, на конференцијата во Скопје ќе се претстават со своите технологии и експертиза некои од најеминентните италијански компании во овие области. ИВЕКО www.iveco.com ќе ги претстави своите иновативни и одржливи решенија за декарбонизација на урбаниот транспорт. ЕНЕА, Државната Агенција за нови технологии, енергетика и одржлив економски развој www.enea.it ќе ги претстави своите искуства и проекти во доменот на решенија за енергетска ефикасност во урбани средини, додека СИСТЕМАТИКА www.systematica.net ќе претстави решенија за урбана мобилност со нулта емисија на штетни гасови за новите смарт градови. На настанот ќе бидат презентирани и финансиски инструменти со кои се поддржува набавката на италијанска технологија и опрема во странски земји (градови, општини, јавни претпријатија) од страна на италијанската државна финансиска институција САЧЕ.

Настанот е организиран во хибриден формат,  истиот ќе може да се следи со физичко присуство или Online ( линк). Italian Design Day е проект на италијанското Министерство за надворешни работи со кој се промовира дизајнот како универзална експресија на “Made in Italy”. Денот на италијанскиот дизајн се одбележува со богата програма со настани организирани од италијанските амбасади низ целиот свет.