2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Ковачевски: Субвенционираме 80% од сметките на граѓаните за струја

Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека тој и тимот во Владата преземаат повеќе одговорни мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните во време кога земјите од Европа се соочуваат со економските последици од здравствената и енергетската криза.

„Продолжуваме да субвенционираме дури 80% од висината на сметките за струја за домаќинствата, а со Програмата за енергетска сиромаштија, 6.500 домаќинства со ниски приходи ќе продолжат да добиваат дополнително намалени сметки за електрична енергија, како и 35 семејства, кои се исто така од ранливи категории“, подвлече Ковачевски, додавајќи дека се овозможи продолжување на Програмата за покривање на трошоците за енергија и огрев.

Ковачевски посочи дека во насока на обезбедување финансиска помош за најранливите категории граѓани се и мерките за покачување на пензиите и покачувањето на најниските примања, кои опфаќаат 35.000 граѓани, во година која не е изборна и истакна дека во изминатите 20 години во државата, минималните плати и пензиите се зголемуваа само во изборни години.

Можеби ќе ве интересира

Муцунски: Финализираме договор со САД што ќе ги отстрани преостанатите трговски бариери

C +

Мицкоски: Им благодарам на САД што ја коригираа тарифата од 33 на 15 проценти, оптимист сум дека ќе одиме уште подолу

C +

Сериозно голема акција на УЈП: Третина од контролираните субјекти со неправилности, затворени пет дуќани

ДЕСК