23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Во Австрија отворена истрага – се проверува зошто не паднале цените на горивата

Австриската управа за конкуренција (BWB) денеска објави дека покренала истрага за малопродажните цени на горивата, која ќе вклучува анализа на движењето на цените во соседните земји, како Словенија и Унгарија. Истрагата треба помеѓу другите актуелни случувања, да ја утврди причината за сегашните цени и недостатоци или ограничената конкуренција, се вели во соопштението на BWB.

Во австриската јавност растат критиките за континуираните високи цени на горивата и покрај падот на цената на нафтата на меѓународните пазари минатата недела. BWB ќе ги анализира цените и маржите на бензинските пумпи и ќе утврди дали се во согласност со прописите за конкуренција, а истрагата ќе ги вклучи и рафинериите, велат од таму.

„Важни елементи на системската анализа ќе бидат движењата на цената на суровата нафта, цените, трошоците и обемот на рафинериското производство и нивото на цените и циклусите на цените на бензинските пумпи“, информираат од компанијата.

Ќе се земе предвид и состојбата во „некои соседни земји“, истакнувајќи дека, поради замрзнувањето на цените во Словенија и Унгарија, треба да се очекуваат различен притисок на конкуренцијата и промени на цените во пограничните региони.

BWB започна слична истрага во овој сектор во 2011 година.