Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Полицијата уапси малолетник кој со остар предмет ограбувал аптеки низ Аеродром – парите пронајдени

На 18.03.2022 во 21.00 часот пред трговски центар на подрачјето на Аеродром од полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Аеродром бил приведен малолетник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела разбојништво.

Тој заедно со уште едно лице во аптеки на бул.„Јане Сандански“ и трговски центар на подрачјето на Аеродром со закана со остар предмет од вработените одзел пари.

Кај него биле пронајдени пари и предмети кои потекнуваат од кривичните дела.

По целосното документирање на случајот ќе биде поднесена содветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Премиерот објави фотка од дрон: Вечерва голема акција за чистење на сметот во Скопје!

ДЕСК

Апсења и претреси низ Македонија – Уапсен директор на моќна институција

ДЕСК

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

ДЕСК