27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Во туарег пронајдени 13 мигранти

Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против М.О.(38) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

На 12.03.2022 на локалниот пат Радовиш–Конче и регионалниот пат Неготино–20-ти километар, на брана „Мантово“, полициски службеници извршиле преглед во патничко возило „фолксваген туарег“, управувано од пријавениот, при што биле пронајдени 13 илегални мигранти, од кои пет од Гана, пет од Пакистан, две од Сенегал и еден од Бенин.