12. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Приведен крадец во Скопје, одземеното вратено на сопствениците

Синоќа во 11.50 часот на ул.„Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.О.(43) од Скопје.

Тој се сомничи дека неколку минути претходно со употреба на сила одзел златен накит од Н.А.(49) од Скопје.

Исто така, тој се сомничи дека на 02.03.2022 на ул.„11-ти Октомври“ во Скопје извршил тешка кражба на дрзок начин над В.Д. од Скопје.

Тој бил приведен во полициска станица,а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Филипче до Мицкоски: Никој тебе не те мрази, сите те презираат

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Следува значителна промена на времето, по сонцето доаѓа дожд и заладување

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.