Владата предводена од СДСМ продолжува со мерки и политики за одговорно управување со финансиите во време на глобална и економска и енергетска криза, известуваат од страна на владејачката партија.
Појаснуваат дека за таа цел, вчера, на седница на Владата беа донесени конкретни мерки и одлуки, кои се однесуваат на сите буџетски корисници.
Според одлуките, како што стои во писмената информација до 21 март (понеделник), сите буџетски корисници се задолжени да ги намалат расходите за стоки и услуги за 10 отсто и за тоа да достават предлог за рационализација на трошоците до Министерството за финансии.
„Забрането е почнување нови постапки за набавка на мебел и возила, освен за неопходните активности за работењето на институцијата и по претходна согласност од Владата. Буџетските корисници задолжително треба за 50 % да ги намалат расходите за репрезентација, спонзорства и реклами, како и користење на службените возила, да го намалат бројот на службени патувања, а акционерските друштва во државна сопственост да ги намалат тековните расходи за 15 отсто. Со кратење на овие расходи, ќе се покаже одговорност, но и ќе се ослободат дополнителни средства, кои ќе се насочат во мерки за помош на граѓаните“, пишуваат од СДСМ.
И во време на глобална криза СДСМ преку институциите што ги предводи презема мерки за заштита на стандардот на граѓаните и помош и поддршка на домашната економија, потенцираат од партијата на власт.