23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Славните не сфаќаат дека се богати и привилегирани, па понекогаш даваат чудни изјави

Познатите, поради некоја причина, мразат да признаат дека се исклучително богати, привилегирани и добро поврзани. Наместо тоа, тие често се споредуваат со обичните луѓе, кои ја растегнуваат платата од први до следниот први, се грижат за скокот на цените на горивата, се плашат од инфлација и од неизвесната иднина.

Во медиумите одвреме-навреме се појавуваат изјави на познатите за нивниот наводно обичен живот иако сите се свесни дека нивниот живот е сè, само не обичен.

Последна што се лизна на теренот беше Ким Кардашјан, која е родена во богато семејство и имаше многу добра основа пред да стане позната и да почне да снима реално шоу што ја збогати. „Подигнете го задникот и работете“, им рече таа на жените во светот и додаде: „денес се чини дека никој не сака да работи“.

Непосредно пред тоа, пејачката Грајмс коментира дека нејзиниот поранешен партнер Илон Маск живее како сиромав. „Илон воопшто не живее како милијардер. Тој живее под прагот на сиромаштија до тој степен што го замолив да не живее во многу несигурна куќа од само 40.000 долари“, рече таа.

Водителката Кели Рипа, мажена за ТВ-ѕвездата Марк Консуелос, заклучила дека нивниот син живее во екстремна сиромаштија по иселувањето од семејната куќа. „Мислам дека тој никогаш не доживеал таква екстремна сиромаштија“, коментира таа за неговиот преселба во Бруклин.

Гвинет Палтроу, пак, се преправала дека купува храна сo ваучери, па покажала што може да се купи за 29 долари неделно.

Бела Хадид се пожали дека мајка ѝ не сакала да ѝ купи чифт чевли со потпис на Кристијан Лубутин додека не заврши средно училиште.