Оскаровецот Вилијам Харт, кој беше најпознат по улогите во Broadcast News („Вести“), Body Heat („Телесни страсти“) и The Big Chill („Големото студенило“), почина во неделата на 71-годишна возраст во кругот на своето семејство.
Неговиот син Вил изјави: „Со голема тага семејството Харт ја оплакува смртта на Вилијам Харт, сакан татко и актер оскаровец, кој почина на 13 март, една недела пред неговиот 72. роденден“.
„Тој почина мирно, во кругот на семејството, од природна смрт. Семејството во овој момент бара приватност“.
Харт беше еден од водечките луѓе во Холивуд во текот на 80-тите и доби четири номинации за „Оскар“ додека се занимаваше со глума. Освои „гонг“ за најдобар актер за улогата во „Бакнежот на жената пајак“ од 1985 година.