11. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Скопјанец фатен во кражба – ограбувал подруми на Бит-пазар

Полицијата синоќа приведе 25-годишен скопјанец, кој бил фатен како краде на подрачјето на Бит-пазар.

Според информациите од МВР, О.М. со употреба на сила и подесен алат, од подрумските простории од зграда одзел разни предмети, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 58.500 денари.

Пријавениот бил задржан во полициска станица и со него бил извршен службен разговор, а украдените предмети се вратени на оштетените. По целосното документирање на случајот ќе следи кривична пријава за извршени 7 кривични дела тешка кражба.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Упорно бараме декласификација на материјалите

C +

Филипче: После 10 дена пожар во Вардариште и неколку дена во Дрисла граѓаните практично се гушат

C +

Филипче: Жалам што вчера премиерот кажа дека нема намера да се интервенира во цените на производите

C +