8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски фрлени на грабање пари за нивните членови, роднини и медиумски гласници

Соопштение на СДСМ:

Ниедно соопштение од белиот дворец, ниту една шпекулација, не можат да го прикријат расипништвото на градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски уште во првите месеци од мандатот ја преполнил општината со авторски договори на негови роднини, сопартијци и медиумски гласници на ВМРО-ДПМНЕ.

За ова тој ќе потроши 100.000 евра, додека постојано се жали дека општината нема пари.

Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ насекаде низ државата е слика и прилика што би правеле на централно ниво – партиски вработувања, вдомувања, трошење на парите на граѓаните и неработење.

Можеби ќе ве интересира

Битиќи: На Долнени му треба Синани, градоначалник кој ќе обединува и ќе решава проблеми

ДЕСК

Куферот пред штабот на ВМРО ДПМНЕ бил празен

ДЕСК

Ацевски: Ревизија на сите ДУП-ови во Ѓорче и забрана за градење на висококатници!

ДЕСК