23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Општина Кисела вода и исплаќа пари секој месец на Наталија Митовска, сопруга на газдата на Инфомакс

Со авторски договор за Наталија Митовска од порталот Инфомакс склучен со Општина Кисела Вода, ВМРО-ДПМНЕ го држи овој портал под своја контрола, објави СДСМ.

СДСМ објави авторски договор на Митровска со Општина Кисела Вода во висина од 24 илјади денари месечно, за како што стои, изготвување на Извештај со елаборирање за спроведување програма на месна самоуправа. Сепак, тие 24 илјади не биле доволни, па покрај договорот има потпишан и анекс.

Митовска не е единствената со која Општина Кисела Вода и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски склучиле договори. Во најголемата економска и енергетска криза, градоначалникот Ѓорѓиевски наместо да работи за граѓаните трошу буџетски пари за полнење на џебовите на негови роднини и пријатели.

Славче Трпевски, кој е партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на Катастар добил договор на 40 илјади денари, а ароганцијата на опозициската партија и градоначалникот Ѓорѓиевски оди до таму што и братучедката на градоначалникот, Сара Ѓорѓиевска заработува по 30 илјади денари од општината за прием на пошта. Според нејзиниот договор таа е задолежна за прием на странки, телефонски разговори и прием на пошта.

Договори има и за Кирил Митревски, кој е близок пријател на Ѓорѓиевски и кој заработува по 50 илјади денари, но и други лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ Влатко Стојановски, Кирил Димчевски, Сашо Јовановски, Ленче Алтова и др. склучиле вакви договори со Општина Кисела Вода со цел да живеат на грбот на граѓаните, објави СДСМ.