Полицијата поднесе кривична пријава против Т. Т. (51) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на лични податоци.
„На 12.12.2019 и на 17.2.2020, откога претходно ги прибавил личните податоци за оштетената, во два наврата ги искористил за онлајн-апликации за брзи кредити и склучил договор за наменски кредити во нејзино име за набавка на два мобилни телефона, со што стекнал противправна имотна корист од 53.000 денари нанесувајќи ѝ штета на оштетената во износ од 68.000 денари“, велат од МВР.