26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Притворен крадец од Ресен, кој извршил серија кражби за неколку дена

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице од Ресен за серија кражби што ги извршил во текот на неколку дена.

Преку временски поврзани дејствија во периодот од 01.03.2022 година до 06.03.2022 година, во вкупно 14 наврати, осомничениот со умисла извршил тешки кражби. Искористувајќи слични прилики, тој со провалување влегувал во помошни објекти – визби во станбени згради и еден параклис во Битола. Доколку најдел, одземал различни предмети со намера противправно да ги присвои. Делата ги вршел со употреба на физичка сила и подесен алат, делувајќи врз заклучени врати. При последната кражба на 6 март бил затекнат и лишен од слобода.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, особено имајќи предвид дека осомничениот во веќе поведени други постапки пред Основен суд Битола и Основен суд Ресен не бил достапен на органите на прогонот, јавниот обвинител до судот достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Судијата на претходна постапка при Основниот суд Битола го прифати предлогот и на осомничениот со решение му определи притвор во траење од осум дена.​