3. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Одобрено обвинението против возачот кој ја прегази 24-годишната девојка пред Сити мол

Советот за оценка на обвинителен акт, по одржана седница, во врска со сообраќајката пред Сити мол, во која животот го загуби 24-годишна девојка, донесе решение со кое приговорите се одбиваат, а актот против обвинетиот Ј.Ѓ., кој ја прегази девојката, се одобрува во целост.

„ Советот за оценка на обвинителен акт, по одржана седница, донесе решение со кое приговорите се одбиваат, а актот против обвинетиот Ј.Ѓ., осомничен за кривичното дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст.2 в.в со чл. 297 ст.1 од КЗ, се одобрува во целост. Врз основа на оценетиот обвинителен акт формиран е кривично-правен предмет со К.бр 496/22 кој согласно АКМИС-системот ќе биде распределен на понатамошно постапување, а штом ќе биде насрочен термин за главна расправа истиот ќе биде објавен на веб-страницата на судот во делот ‘Календар на судења’“, соопшти Кривичниот суд.

Можеби ќе ве интересира

Во август има уште еден неработен ден и се паѓа во четврток – Ова се сите празници до крајот на годината

ДЕСК

Спасовски: Најостро го осудувам националистичкиот говор и навредливите скандирања што се случија за време на спортскиот натпревар во Куманово

ДЕСК

СДСМ: Говорот на омраза се засилува пред избори, силно ги осудуваме навредите на кошаркарскиот меч во Куманово

ДЕСК