23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски – Тицињски: Поддршка од Полска за евроинтеграциите на Северна Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Војциех Тицињски, амбасадор на Република Полска во нашата држава.

На средбата е врачено писмо со честитки за мандатот на премиерот Ковачевски, од полскиот премиер Матеуш Моравјецки.

Соопштено е и дека Полска ги поддржува европските перспективи на Северна Македонија.

На состанокот е разговарано и за ситуацијата во Украина. Премиерот Ковачевски ја нагласи цврстата позиција на Република Северна Македонија којашто е на линија на позицијата на нашите стратешки партнери во НАТО и ЕУ, односно категорична осуда на руската инвазија во Украина.

На средбата е изразена заедничка определба за унапредување на економската соработка помеѓу Северна Македонија и Полска, во областа на трговијата и странските директни инвестиции, при што е пренесен интерес од Полска за соработка во областа на животната средина.

Премиерот Ковачевски се заблагодари за големата пријателска поддршка од Република Полска во европските аспирации на Република Северна Македонија, како и во други области од значење за граѓаните, како што е помошта од Полска за време на пандемијата.