„За јануари 4968 работодавачи поднеле месечни пресметки за интегрирана наплата, но не исплатиле плата на 12827 вработени. Доставени се опомени, а следува процесот на блокирање на сметките и присилна наплата“ рече директорката на УЈП, Сања Лукаревска во „Топ тема“ на Телма.
Таа додаде дека 5029 работодавачи воопшто и не поднеле месечни пресметки за интегрирана наплата за плати за 7811 вработени, за што исто така е започната постпка за присилна наплата.
Како што кажа Лукаревска, за исплаќањето на минималната плата контролата ја спроведува Државниот инспекторат за труд, кои доколку утврдат неправилности, УЈП е подготвена да интервенира и постапува.
Во врска со компаниите кои ги злоупотребуваат државните субвенции, директорката на УЈП кажа дека се прават проверки за тоа и дека веќе се поднесени пријави за одредени компании до Основното јавно обвинителство.