24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Притвор и истрага против дилер од Битола

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 35-годишен битолчанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, во дворното место на куќа во која никој не живеел, а која граничела со неговата куќа, неовластено за продажба чувал 107,46 грама хероин и 33,37 грама марихуана, како и три дигитални ваги наменети за мерење и пакување дрога.

Бидејќи постојат околности кои упатуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство или да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор. Основниот суд во Битола донесе решение со кое на осомничениот му определи привор во траење од 30 дена.