На 03.03.2022 во 16.14 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-с.Липково, кај с.Опае, патничко моторно возило „сеат леон“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.К.(26) од с.Оризари, општина Липково, удрило во малолетен пешак од с.Черкези, кумановско.
Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Општата болница во Куманово за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.