23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Ковачевски: Буџетот е ликвиден и државните резерви се на највисоко ниво

„Буџетот е ликвиден и може да ги финансира сите обврски. Иста е ситуацијата и со финансискиот скетор во државата. Тој е стабилен, а државните резерви се на највиско ниво, поради што нема никакви стравувања за стабилноста на денарот“ изјави премиерот Димитар Ковачевски во „Утрински брифинг“.

Тој додаде дека е во редовна комуникација со Народната банка, која ја проверува ситуацијата на банкарскиот сектор, кој е на исклучително солидно ниво.

„Апелирам да не се подлегнува на шпекулациите и паниката која се креира на медиумите и социјалните мрежи. Граѓаните да не бидат во паника, имаме доволно енергенси, храна и стоковите резерви се на потребно ниво, а финансискиот систем е стабилен“ потврди Ковачевски.

Премиерот исто така кажа дека се разговара и се привршуваат анализите за новата методологија за покачувањето на пензиите, за што верува дека наскоро ќе биде постигнат договор.