2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАБИЗНИС

Што ќе прави Европа без рускиот гас?

Европскиот парламент е подготвен да повика на ограничувања во ЕУ за увозот на руска нафта и гас во блокот бидејќи бара уште построги санкции насочени кон стратешко слабеење на руската економија и способноста за водење војна.

За текстот ќе се гласа по обраќањето пред европратениците на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој се очекува да се обрати пред Собранието во Брисел преку видеоврска.

Сепак, иако многу европски земји, особено членки на ЕУ, речиси ја прекинаа економската соработка со Русија поради економските санкции, ниту една од нив не се осмелува да го примени принципот на казнување на увозот на гас и нафта бидејќи тоа би предизвикало колапс на нивната економија.

Можеби ќе ве интересира

Муцунски: Финализираме договор со САД што ќе ги отстрани преостанатите трговски бариери

C +

Мицкоски: Им благодарам на САД што ја коригираа тарифата од 33 на 15 проценти, оптимист сум дека ќе одиме уште подолу

C +

Рубио за Путин: Трамп нема да чека вечно

C +