Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Државата Њујорк забрани бизнис со Русија

Гувернерката на Њујорк Кејти Хокал потпиша указ со кој се забранува таа американска сојузна држава да има бизнис со Русија.

Според Гласот на Америка, указот го превидува и поништувањето на сите инвестиции во Русија.

На прес-конференцијата Хокал најави дека Њујорк ќе прими бегалци од Украина и потсети дека таа сојузна држава има најголемо украинско население во САД.

„Ако сакате да дојдете овде, ќе ви помогнеме да се интегрирате во нашата заедница“, рече Хокал.

Можеби ќе ве интересира

Роденденска промоција на „хnula.mk“, од 5ти до 10-ти ноември!

ДЕСК

Директорот на Царина за извештајот на ЕК: нотиран висок напредок во областа Царинска унија – преземени значителни чекори за забрзана интеграција во единствениот пазар на ЕУ

ДЕСК

Одржани редовна седница на Извршниот одбор за монетарната политика и седница на Советот на Народната банка

ДЕСК