6. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Украинската страна сака Израел да биде домаќин на преговорите со Русија

Според последните информации, Зеленски побарал од израелскиот премиер Нафтали Бенет да биде домаќин и да помогне во преговорите меѓу Украина и Русија, изјави денеска за Си-ен-ен украинскиот амбасадор во Израел, Евгениј Корнијчук.

„Нашиот претседател верува дека Израел е единствената демократска земја која има одлични односи и со Русија и со Украина и дека може да биде домаќин на овие преговори“, рече Корнијчук.

Тој смета дека Ерусалим ќе биде подобро место од Минск, каде што се одржуваа разговорите минатиот пат, бидејќи Белорусија е близок сојузник на Русија, а Украина не верува во легитимитетот на актуелниот претседател на Белорусија, Александар Лукашенко.