Одделението за внатрешни работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.Т. од Кочани, референт во Шумско стопанство Осогово Кочани, поради сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, Б.Д. од Кочани, поранешен директор на Шумско стопанство „Осогово“ Кочани, поради сомнение за сторени кривични дела несовесно работење во службата и фалсификување и уништување деловни книги, Н.Е. од Кочани, референт во Шумско стопанство „Осогово“ Кочани, поради сомнение за сторени кривични дела несовесно работење во службата и фалсификување и уништување деловни книги и против правно лице од Кочани и В.Т. од Кочани, управител во правното лице сомнение за сторени кривични дела злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набава или јавно – приватно партнерство и пустошење шума.
Како што информираат од МВР, вработените во Јавното претпријатие „Национални шуми“ – Подружница Шумско стопанство „Осогово“ Кочани, искористувајќи ги своите овластувања и постапувајќи несовесно во извршувањето на своите работни задачи, со пропуштање должен надзор во извршувањето на шумарски услуги и со фалсификување и уништување на деловни книги, му овозможиле на правното лице да ги злоупотреби доделените договори и да изврши пустошење на млада шума во државна сопственост прогласена за заштитен предел и да се стекне со противправна имотна корист во износ од 3.578.019 денари на штета на Јавното претпријатие „Национални шуми“.