26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Кузеска: Сега гледаме колку е значајно што сме членка на НАТО

Историскиот успех и исполнувањето на стратешката цел да бидеме членка на НАТО значи сигурност и безбедност на граѓаните, посочи денеска портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

„НАТО за нас значи обезбеден суверенитет и територијален интегритет. Денеска можеме јасно да видиме. Нема цена мирот и спокојот на граѓаните, сигурноста која со членството на НАТО ја обезбедивме.

Нашите граѓани се сигурни и можат да бидат спокојни, како членка на НАТО, ја уживаме заштитата на најмоќниот одбранбен сојуз во светот.

И тоа не е воопшто мала туку голема, огромна работа“, рече партиската портпаролка.

Во однос на економијата, Кузеска кажа дека сите ресурси се насочени кон соочување со последиците од енергетската криза и презедени се низа мерки за заштита на стандардот на граѓаните.