24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Медведев: Русија би можела да ја врати смртната казна

Поранешниот руски претседател и актуелен заменик на претседателoт на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев изјави дека Русија може да ги прекине сите дипломатски односи со Западот. Во соопштение на социјалната мрежа „Телеграм“, РИА Новости напиша дека Медведев рекол оти е време амбасадите да се стават под клуч и дека Москва ќе продолжи со своите напади против Украина.

Тој посочил дека суспензијата на членството на Русија во Советот на Европа може да значи дека Русија може да ја врати смртната казна.

„Ова е добра можност да се обноват голем број важни институции за да се спречат особено сериозни злосторства во земјата – како што е смртната казна за најопасните криминалци, која, патем, активно се користи во САД и Кина“, се вели во соопштението.

Што се однесува до санкциите, Медведев вели дека ќе бидат конфискувани средствата на странците и странските компании. Медведев додава дека не е исклучена можноста за национализација на имотот на странски компании регистрирани во ЕУ, САД и други, како што вели, непријателски јурисдикции.