2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Славјанка Петровска: Македонските граѓани се солидарни со граѓаните на Украина

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, ја осуди воената агресија на Русија, коментирајќи дека македонските граѓани се солидарни со Украинците.

Петровска и американската амбасадорка Брнс денеска беа заедно во касарната Илинден, каде го поздравија завршувањето на заедничката обука на поморските специјални сили на САД, ренџерскиот баталјон и баталјонот за специјални сили на Армијата на Република Северна Македонија.

„Ова го покажува нашето силно заедништво и сојузништво, што е особено важно сега кога Русија грубо го нападна територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.
Остро ја осудуваме воената агресија на Русија врз Украина и стоиме единствени со сојузниците во НАТО во повикот кон Русија да прекине со воените дејствија кои се закана за безбедноста на Европа. Македонските граѓани стојат во солидарност со граѓаните на Украина“, рече Петровска.

Министерката додаде дека безбедноста на нашата земја е гарантирана, а јавноста треба да биде сигурна дека државниот врв будно ги следи состојбите и ги презема сите мерки за гаранција на безбедноста.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите со нови предупредувања, се очекува НЕВРЕМЕ во поголем дел од Македонија со пороен дожд, грмежи, а некаде и град – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Метеж на границите: на Табановце и Богородица се чека по 45 и 30 минути

C +

Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија

C +