5. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Министерството за транспорт: Со несмалена динамика продолжуваме со изградба на нови и безбедни автопати

Министерството за транспорт и врски во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта за само четири години изгради и реконструира повеќе од 1.000 километри патна мрежа во државата, при што се инвестирани над 1 милијарда евра, реагираат од оваа институција на обвинувањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во споредба со Владата која 11 години ја предводеше ВМРО-ДПМНЕ, при што беа реконстурирани само 600 километри патна мрежа“, додаваат од Министерството.

Појаснуваат дека силниот инвестициски циклус во изградба на нови и безбедни автопати и нови експресни патишта продолжува со несмалена динамика.

„За 2022 година во буџетот на ЈП за државни патишта предвидени се 360 милиони евра инвестиции во патната инфраструктура, што е исторски најголема инвестициска програма досега. Во однос на реконструкцијата на делницата Катланово – Петровец, информираме дека поради слабиот прогрес на изведувачот, ЈП за државни патишта во соработка со Европската банка за обнова и развој го раскина договорот со изведувачот за да ги заштити државните интереси. Оваа патна делница е ставена во приоритетите на ЈП за државни патишта и во следниот период ќе се дореализира преостанатиот дел од овој патен правец“, е наведено во писмената реакција.