Вчера полициски службеници спровеле акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници, при што биле санкционирани 57 возила. Од нив, 30 поради неисправен уред за запирање, четири поради неисправен уред за управување, како и други видови неисправности.
Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови најави МВР и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.