7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Скопјанец осомничен за обид за разбојништво во аптека

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 31-годишен скопјанец, осомничен дека извршил кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 во врска со член 19 (обид) од Кривичниот законик.

На 22 февруари, на улицата „Борис Трајковски“ во Скопје, осомничениот влегол во аптека и од вработената побарал да му ги даде парите. Таа му кажала дека нема пари и му рекла да ја напушти аптеката. Во тој момент, осомничениот и се доближил и започнал да ја турка со намера да дојде до касата. Вработената зела пластична столица и започнала да го оттурнува, па повикала помош. Бидејќи не можел да стигне до касата, осомничениот ја напуштил аптеката, но на излезот го пресретнале припадници на агенција за обезбедување и го лишиле од слобода.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави Предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство или да го повтори делото.

Можеби ќе ве интересира

Мојсоска: Не смееме да молчиме пред геноцидот врз палестинскиот народ – македонскиот народ секогаш бил на страната на угнетените

ДЕСК

Од денес почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип на ризичните групи – имунизацијата е најефикасна мерка за заштита на здравјето

ДЕСК

Лишено лице од слобода од скопско Мирковци, фатен како одзема нафта од училиште

ДЕСК