Владата донесе измени и дополнување на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2022 година со цел на сите баратели да им се овозможи еднаков третман при примањето на финансиската поддршка на месечно ниво за корисник во времетраење од 12 месеци.
Според овие промени, повеќето од вкупните буџетски средства за оваа намена ќе бидат определени за категоријата самец, со 2.767 барања, а потоа соодветно намалени за категоријата двочлено домаќинство со 2.105 барања, за тричлено домаќинство со 602 барања, за домаќинствата со четири члена со 612 барања и за домаќинство со пет и повеќе члена стигнаа 453 барања.