Претставници на Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници (МАТВП), на средба со претседателот Стево Пендаровски посочија дека немаат регулиран статус.
Претставувајќи ги активностите во насока на подобрување на позицијата на водичите и нивната професија, тие на Пендаровски му укажаа дека немаат здравствено и пензиско осигурување.
Претставниците на асоцијацијата го запознаа Пендаровски со нивната работа и заложбите за создавање услови за квалитетно едуцирање на туристички водичи и придружници, со цел обезбедување квалитетни и професионални услуги.