Денеска (20.02.2022) во периодот од 12.00 до 18.00 часот на територијата на СВР Тетово спроведена e зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санkционирани се 184 возачи. Од нив 127 на територија на Тетово, а 57 на територија на Гостивар. Од овие 184 возачи, 59 возеле со брзина од над 50 километри на час над дозволеното, а дури 11 со над 70 километри на час над дозволеното.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.