23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Четири автобуси и две патнички возила вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација

Полициската станица за Граничен премин Табановце и од Одделението за прекуграничен криминал Скопје при Регионалниот центар за гранични работи Север вчера била извршена контрола на четири автобуси и две патнички возила кои вршеле меѓународен превоз на патници.

При контрола на автобус со гостиварски регистарски ознаки, управуван од С.Б.(43) од Прилеп, автобус со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.Л. од с.Челопек, тетовско, автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Д.(63) од Скопје и С.Т.(52) од с.Горно Косоврасти, дебарско и автобус со данска национална ознака, управуван од Р.С.(42) и Ш.И.(52), двајцата од с.Нераште, општина Теарце, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.

Исто така, при контрола во патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.М.(25) од Струмица и патничко возило – комби „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(37) од Скопје било констатирано дека вршат меѓународен превоз на патници без поседување соодветна документација.

Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата.