Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.2.2022) спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите што не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи. При контролата санкционирани се 118 возачи, од кои 40 на територијата на СВР Скопје, 18 на територијата на СВР Тетово… При акциската контрола санкционирани се и 184 други видови сообраќајни прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираат и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.